Вести Македонија Најважни

Виктор Димовски: Државјанството на Онушченко е вина на еден вработен – ќе одговара, а јас не бегам од земјава

Четири нивоа на проверки и само една грешка. Се одмотува клопчето како контроверзниот Украинец се стекна со црвениот македонски пасош. Директорот на АНБ, Виктор Димовски и пред медиумите и пред пратениците призна дека не била направена четвртата проверка за меѓународна консултација. Но, која е причината ќе покаже внатрешната истрага.

Овој скандал, денеска го одбележа уште едне пропуст. Наместо зад затворени врати, комисијата за надзор на која отчет даваше Димовски протече со тон на официјалниот собраниски канал на Јутјуб. Пратениците со меѓусебни обвивнувања. Спикерот Џафери најави истрага.

Три нивоа на проверки во централата, теренска проверка и 10 потписи од вработени во АНБ. Ова е постапката, но во случајот на контроверзниот Онушченко, направена е грешка вели првиот човек на агенцијата за национална безбедност кој денеска реферираше пред пратениците. Еден од вработените не направил меѓународна консултација со стратешките партнери и дал позитивно мислење дека Александар Онушченко е прифатлив за да добие државјанство. Но, зошто овој вработен несовесно постапил, директорот Димовски засега нема одговор.

Вработениот агент ќе одговара, а неговиот шеф вели дека нема да бега.

Претседателот на комисијата за надзор, Љупчо Пренџов вели дека одговорноста треба да ја преземе директорот.

Димовски се одзва на барањето на комисијата за надзор на АНБ и влета во нов скандал. Седна во клупа и даваше одговори на пратениците како контроверзниот Украинец, Александар Онушченко добил македонско државјанство и ги минал безбедносните филтри, а дел од разговорот со тон без слика се емитуваше на собранискиот Јутјуб канал. Скандалот се прелеа и на редовната собраниска седница. Истрага и одговорност за пропустот побараа пратениците.

Комисијата за надзор почна навреме и заради сигурносни протоколи на пратениците им беа проверени безбедносните сертификати и одземени мобилните телефони на влезот. Директорот Димовски побара, претседателот Пренџов прифати да се остранат медиумите. Димовски не успеа да реферира пред пратениците и за обвинувањата на опозицијата дека АНБ ги злоупотребува ресурсите за следење на опозицијата, бидејќи спикерот Џафери по консултациите ја прекина собранисиката комисија за надзор. Нафрли детали дека еден од пратениците на опозицијата и поранешен министер бил под око на АНБ, поседува безбдносен сертификат, но не исвестил дека се соочува со кривична одговроност.

Одговорите на Димовски пред медиумите и пратениците следат откако во јавноста одекна скандал дека под државното знаме во еквестријан се натпреварува украински бизнисмен, баран за криминал, а неговото име е на црната листа на САД.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Косовски државјанин се обидел да пренесе килограм марихуана – во спат повредил цариник при што бил приведен

Tea Dimkovska

Мавровското Езеро порибено со 460 килограми крап во пресрет на Светското првенство во спортски риболов

Tea Dimkovska

Скопјанка се сомничи дека како претседателка на Комисијата за одгледување канабис не спроведувала контроли кај правно лице од Свети Николе

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе