Вести Македонија Најважни

М-НАВ: Странската компанија нè одбрани од политички притисоци

„Странската компанија нè одбрани од секакви политички притисоци, сите избрани за обука за контролори на летање се избрани по пропис“. Вака еден од директорите на М-НАВ, аргументираше дека осумтемина кои денеска потпишаа договори и, конечно, ќе заминат на обука во Данска. Таму заминуваат по сопствена заслуга и поради високите резултати на тестот од данската фирма. Вели дека, на конкурсите може да се пријави секој, не крие дека се пријавуваат и нивни деца и деца на останатите контролори на летање, но не секој може да го помине строгиот тест.

За шпекулациите дека, потребниот сертификат за познавање на англиски јазик се купува од приватен универзитет по 2.500 евра, рече дека секој може да донесе каков сака документ, но сè е џабе ако не го помине ФИС тестот, во кој се строги и критериумите за јазикот. Високите плати во компанијата, според него, се оправдани за да нема одлив на кадар. 68 отсто од приходите на М-НАВ, со претходна дозвола од федерацијата ЕУРОКОНТРОЛ, се доделуваат за плати на вработените.

Хамиди негира дека државата ги финансира. За изјавата на министерот Бочварски од почетокот на годината, дека инвестираат 11 милиони евра во оваа компанија, вели дека веројатно е дадена затоа што М-НАВ е сепак во државна сопственост, но тврди дека, овие пари се заработени од нив самите од наплата од прелети и слично.

Во М-НАВ работат 110 контролори на летање, само 9 отсто се администрација, а останатото се помошници, техника, метео и аеронаутика. Станаа актуелни со конкурсот за контролори на летање, но и откако опозицијата ги објави платите на директорите кои се движат од 4 до 6 илјади евра.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе