Вести Македонија Најважни

(видео)Абази на планинарење, на лов и на свадби се сретнувал со луѓе од ДУИ

„Јас во периоди на видекнди, на одмори, излегувам и планинарам, значи хоби ми е ловот и планинарењето. Таму сум се сретнал со луѓе и сум се поздравил со нив. Да се качиш на еден врв тоа е радост и се практикува фотографирање од формално правен аспект, тука сме се нашле случајно“, вака пред новинарите новиот шеф на ОЈО за организиран криминал и корупција Ислам Абази ги објаснува фотографиите со функционери од ДУИ.

Тврдеше дека нема блиски релации со функционери од ДУИ и дека сликите кои се појавија во јавноста се од свадби и случајни средби кои нема никако да влијаат врз неговата работа да гони организиран криминал.

Тој денеска даде свечена заклетва пред советот за јавни обвинители со која вети дека чесно и професионално ќе ја извршува функцијата.

Од таму замина во обвинителството каде како што најави прво што ќе направи ќе побара информација за тоа до каде се сработени предметите откако имаше прва средба со неговата претходничка Вилма Русковска, на која пристигна со кафе и букет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меѓународниот олимписки комитет ја укина суспензијата на Русија

Sasko Dimovski

Трамп размислува да и продаде на Турција борбени авиони F-35

Дејан Дејан

Трамп по пристигнувањето во Анкара: Многу сум разочаран од НАТО, помош за Иран не нѝ требаше, само ги тестирав луѓето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе