Вести Македонија Топ вести

(Видео) МВР со детали за вчерашната акција во Скопје: Приведени четири лица, за двајца распишана потерница

Четири лица се приведени во вчерашната полициска акција на шест локации во Скопје, соопшти претпладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Од слобода се лишени И.А. (31), Н.А. (20), А.Р. (27) и Б.Ш. (40), сите од Скопје, а за Г.Б. и Б.З. е распишана национална потерница. Сите се осомничени за кривични дела „убиство“ и „предизвикување општа опасност“.

„При претресите на нивните домови биле пронајдени и одземени пиштол и рамка со 14 куршуми, пиштол „Астра“ калибар 6,35 мм. и рамка со пет куршуми, пиштол „Смит и Весон“ калибар 9 мм. и 2 рамки со 32 куршуми, пиштол „глок“ калибар 9 мм. и рамка со 17 куршуми, дрон со мемориска картичка и контролор за летање и други предмети поврзани со кривични дела“, соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Косовски државјанин со возило влечеше цариник на Блаце и побегна – уапсен е во Скопје

Дејан Дејан

АХВ: Нови жаришта на сипаници кај овци и кози

Kristina Kuzmanovski

Ослободителна пресуда за Латас, обвинителот се откажал од обвинението за ,,Тотал”

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе