Кривичниот суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи 30-дневен притвор за брачниот пар осомничен за убиството на матичниот лекар Ацо Трповски од Поликлиниката „Железара“.
Според Обвинителството, 65-годишниот маж од Скопје е осомничен за извршување на кривичното дело убиство, додека неговата 59-годишна сопруга се товари за помагање при извршувањето на делото.
Истрагата продолжува со цел целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со убиството на лекарот.
