Вести Свет

ЕУ и Украина со договор за заедничко производство на оружје

Европската Унија и Украина потпишаа договор за унапредување на заедничкото производство на оружје, со цел да се зајакне одбранбената индустрија на Украина во услови на продолжената руска инвазија.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и украинскиот претседател Володимир Зеленски го промовираа новото Партнерство за одбранбена индустрија меѓу ЕУ и Украина за време на одбележувањето на Денот на државноста на Украина.

Во текот на војната, Украина разви современи и борбено тестирани воени технологии, но и натаму има потреба од поддршка за проширување на домашното производство, особено на напредни системи за противвоздушна одбрана способни да пресретнуваат балистички ракети.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без договор за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

(Фото) Голема сообраќајна несреќа на Халкидики, загинаа мајка, татко бебе, вторто дете се бори за живот

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Голем шумски пожар во Канада, небото жолто, воздухот е најлош во светот

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе