Вести Македонија

Без договор за Изборниот законик

Власта и опозицијата не постигнаа договор за измените на Изборниот законик. Наместо компромис, политичките партии вчерашниот ден кој беше и последен од рокот зададен за донесување на овој реформски закон продолжија со меѓусебни обвинувања за одговорноста за застојот.

Премиерот Христијан Мицкоски ја обвини опозицијата за неодговорност и порача дека таа треба да постигне заеднички став, нагласувајќи дека Владата ќе го поддржи законското решение доколку биде договорено меѓу опозициските партии.

Меѓувреме, СДСМ и Левица разменија обвинувања за наводна соработка со власта и за попречување на опозициското обединување околу изборниот модел.

По неуспешните разговори, Мицкоски изјави дека Владата останува фокусирана на реализација на мандатот до 2028 година, но додаде дека е подготвена и за предвремени избори доколку бидат предизвикани.

Од опозицијата, пак, оценија дека единствен излез од актуелната политичка состојба се предвремени парламентарни избори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одреден притвор за осомничените за убиството на Трповски

Kristina Kuzmanovski

Каква реформа е потребна за подобар пензиски систем?

Kristina Kuzmanovski

Новиот граничен систем на ЕУ се збунува од идентични близнаци

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе