Економско-социјалниот совет денеска ќе одржи седница на која ќе се разгледуваат повеќе прашања поврзани со неговата работа и економските политики.
На дневен ред е годишната програма за работа, како и презентација на новиот закон за високо образование.
Иако мерките за ублажување на растот на цените на храната и горивата не се официјално предвидени како точка, не е исклучено да бидат отворени како тема за разговор.
Седницата доаѓа во период на зголемен интерес за економските предизвици со кои се соочуваат граѓаните. Економско-социјалниот совет има 12 членови, по четири претставници од Владата, синдикатите и здруженијата на работодавачи на национално ниво.
