Спорт Фудбал

Милевски: Повторно не сме комплетни, да одиграме подобро од претходните дуели

Предводникот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски повторно се соочува со проблеми околу составувањето на тимот за двата контролни дуели што ќе ги одиграме во Скопје, а противници ни се Финска и Азербејџан.

“За жал повторно не сме комплетни и се навикнавме веќе 14 месеци поради различни причини да не можеме да ги собереме најдобрите во еден момент. Адеми, пак не е со нас, на последниот меч за Динамо заработи повреда на задната ложа. Чурлинов, Костадинов и Илиев се враќаат полека од повредите, но ги немаме за овие натпревари. Велковски е на список и ќе биде со нас, но 14 дена работи само индивидуални тренинзи. Доста подобра е формата на фудбалерите во однос на септември, пред сѐ тие што се носители, тука мислам на Барди, Елиф, Алиоски…дополнително тие што не беа на септемврискиот собир полека влегуваат во натпреварувачка форма како Давид Бабунски и Бобан Николов. Кире Ристевски имаше период на аклиматизација и сега е на задоволително ниво. Се надевам после викендов после клупските натпревари сите фудбалери ќе останат здрави”, рече Милевски.

Без разлика на сите проблеми со кој се соочува, селекторот очекува овој состав да игра на повисоко ниво во однос на претходните дуели во Лигата на нации.

“На овие натпревари, очекувам подобрување во однос на дуелите во Лигата на нации. Сепак, ова се истите момци кои даваа по три, па и пет гола по натпревар. Можеби лошата форма и проблемите со ненаоѓање на тимови беа пресудни и се надевам дека тоа е веќе зад нас. Финска е одлична репрезентација, сериозен тим со кој ќе биде тешко. Исто така, Азербејџан е во голем подем. Овие натпреварите ќе ни послужат за нашиот правец и насока за иднината”, заврши селекторот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Погачар ја освои третата етапа и го презеде врвот на Тур де Франс 

Sportska Redakcija

Скандал на Мундијалот: Трамп интервенирал, Балогун ќе игра против Белгија

Sportska Redakcija

(ВИДЕО) Шпанските голмани со Вештачка интелигенција (AI) тренираат за Кристијано Роналдо и натпреварите на Светското првенство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе