Фудбалска федерација на Малта соопшти дека Гилберт Агиус е именуван за привремен селектор на националниот тим која ќе ја води репрезентацијата на претстојните два контролни натпревари со Грција и Република Ирска.
Агиус има ангажман како селектор на репрезентацијата до 21 година, а ќе го замени Девис Мања кој се повлече од функцијата откако беше обвинет дека имал судир со двајца членови на националниот тим.
Првиот натпревар со Грција, Малта која е еден од нашите противници во квалификациите за Европското првенство ќе го игра на 17 овој месец, а трите дена подоцна следува и дуелот со Република Ирска.
