Вести Македонија Топ вести

Во два дена, два кратки прекини во снабдувањето со струја на повеќе скопски клиники

Два кратки прекини во снабдувањето со електрична енергија во четврток и петок наутро се случиле на повеќе скопски клиники. За ова известуваат од менаџментот на Заедничките служби на Клиничкиот центар.

Во четвртокот пред 8 часот, итно се вклучиле агрегатите за резервно напојување на Хирургија, Интерниот блок, Кардиологија и Клиниката за детски болести. Станува збор за прекин од надвор, а не за дефект во Клиничкиот центар, брифира директорот на Заедничките служби, Амар Даут.

Прекини во снабдувањето со струја се случиле и вчера.

„Надлежните на клиниките велат дека среќна околност во целата ситуација е што прекинот во снабдувањето со струја траел кратко, а ваквите ситуации не се воопшто чести на нивните клиники.“

Директорот на Онкологија, во изјава за Телма вели дека заради 45 минутниот прекин на клиниката се задржале неколку пациенти дојдени за извештаи.

„Тоа се случи вчера, во петок. Имаше престанок на струја во траење од околу 45 минути. За среќа тоа не се одрази врз работата на Клиниката. Испративме допис до ЕВН, напишавме меил бидејќи на телефонот којшто им е за јавност никој не се јавуваше. Сакавме само да нѝ објаснат што се случува за да знаеме што да правиме. Но, за среќа струјата за 45 минути дојде и тоа не се одрази на работењето на клиниката. Компјутерите повторно ги вклучивме и малку почекаа некои луѓе коишто беа дојдени за извештаи“ изјави д-р. Нино Васев, директор на Клиниката за онкологија. 

Причина за прекинот во снабдувањето со струја е заради искинат кабел кој поврзува две трафостаници во центарот на Скопје.

„Прекинот во снабдувањето на Клиничкиот центар – Скопје настанал поради искинат 10 кВ кабел од трафостаницата “Буњаковец” кон трафостаницата “НИП Нова Македонија”. Екипите на Електродистрибуција веднаш интервенирале на терен и за кратко време снабдувањето се стабилизирало“ велат од ЕВН Македонија. 

Телма праша во Министерството за здравство – каков план се крои во очи на зимата и кризата со енергенси и дали е изводливо да се штеди струја и во болниците. Оттаму одговараат дека дадени се насоки до сите јавни здравствени установи за спроведување на дел од мерките кои се однесуваат на користење на осветлување, редовно менување на филтрите на клима уредите и замена на стари прозорци со енергетско ефикасни.

Економско-енергетскиот совет на Владата донесе одлука со која сите јавни здравствени установи ќе бидат обезбедени по поповолна цена од берзанската.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Полициската ЕБР го промовираше засилувањето – новите припадници ги прикажаа своите вештини

Дејан Дејан

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе