Вечерашниот натпревар во Скопје ќе биде вкупно деветти за фудбалската репрезентација на Македонија против селекцијата на Бугарија.
До овој момент нашата селекција има две победи, четири порази и два дуели завршиле нерешено.
Првата победа ја забележавме на 25 март 1998 година кога во пријателски натпревар во Скопје славевме со 1:0, а стрелец на голот беше Ѓорѓи Христов.
Вториот триумф е исто така на контролен меч во Скопје одигран на 14 август и тогаш славевме со 2:0 со погодоците на Агим Ибраими и Александар Трајковски.
На последниот меч пред скоро четири месеци одигран во Разград успеавме да освоиме бод откако игравме 1:1, а голот беше дело на Милан Ристовски.
ФОТО: Игор Паневски
