Спорт Фудбал

Бугарија славеше во Скопје: Тодороски трагичар за Македонија

Македонската фудбалска репрезентација на најлош можен начин ја заврши кампањата во Лигата на нации откако вечерва загуби од Бугарија на арената „Тодор Проески“ во Скопје со минимални 0-1.

Тодор Тодороски беше трагичарот во нашите редови, бидејќи заработи директен црвен картон уште во 14.минута од натпреварот по еден невнимателен старт. Тоа ја остави Македонија да се бори со играч помалку до крајот на мечот.

Милан Ристовски имаше добар обид во 25.минута за Македонија, а пред крајот на првиот дел со глава се обиде и Егзон Бејтулаи по корнерот на Енис Барди.

Кобниот момент за нашиот тим дојде во 50.минута, кога гостинот не исконтрира, а капитенот Кирил Десподов реализираше за 0-1.

Имавме шанси преку Езгјан Алиоски во 60-тата и 80-тата минута за израмнување, но нашиот можеби најагилен фудбалер вечерва не успеа да реализира. Бејтулаи во финишот спаси и поубедлив пораз од Бугарија.

Со овој пораз Македонија само ја потврди својата очајна форма во Лигата на нации и покажа дека е далеку од онаа репрезентација, која пред една година го освои второто место во квалификациите за Светското првенство, а потоа и во март ја победи големата Италија со 1-0 среде Палермо.

Ќе треба да се направи добра анализа, бидејќи на последните две средби не постигнавме ниту еден гол. Индивидуалните грешки не чинат болни тимски порази. Па очигледно ќе треба да се повлечат потези во однос на кој треба да биде репрезентативец на Македонија и го заслужува дресот, а кој не.

Во групата 4 во Лигата Ц, завршуваме на третото место со само седум освоени бодови, од кои шест се против аутсајдерот Гибралтар. Грузија е прва со 16 бодови, а Бугарија  заврши втора со девет бодови.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Белгијците го исмеваа Трамп откако ги прегазија САД на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Мерино го расплака Роналдо, Балогун не ги спаси САД од Белгија (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Белгија со порака до САД по победата: Поништете го сега ова!

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе