Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 на арената Тодор Проески во Скопје против Бугарија ќе го одигра мечот од последното коло во ова издание од Лигата на нации.
На вечерашниот дуел со победа нашиот состав ќе го потврди второто место во групата и ќе остане во трката за настап во баражот за континенталниот шампионат.
“По тој пораз со таква игра, беше тешко. Фудбалот се игра на резултат, не е добро кога ќе загубиш, ама одиме напред. Имаме уште една шанса, да покажеме дека тој резултат во Грузија не беше вистинска слика и со три бода можеме да извадиме позитивен момент. Ние имаме доста нови играчи, потребно е време да се запознаеме со дел од тимот. Како што гледам, сите даваат голови за клубовите, а тука или не ни оди или не нè сака топката. Мора да сме трпеливи, ќе дојде нашиот момент. Ја знаеме сопствената цел, тоа е пласман на Европското првенство. Мора да чекаме, потребно им е време на младите да се адаптираат. Ние постарите имаме искуство, а останатите се под мала тензија. Потребна е поддршка, сметам дека сме добра генерација и ќе направиме големи работи”
ФОТО: Игор Паневски
