Вести Свет Топ вести

Расте незадоволството од хаотичната мобилизација на Русија

Расте незадоволството во Русија поради хаотичната делумна воена мобилизација, која има за цел да обезбеди 300 илјади резервисти за „специјалната воена операција“ во Украина. Претседателот на Руската Федерација вчера потпиша нов указ со кој се одложува регрутирањето на студенти. Државата ја тресат масовни протести во голем број региони на земјата проследени со голем број апсења. Голем број мажи ја напуштаат земјата оние кои немаат виза, се упатуваат кон Грузија, Казахстан или Монголија. Другите со повеќе пари одат во Обединети Емирати или Турција.

Ситуацијата ескалираше на еден од пунктовите каде дел од новите регрути одбија да влезат во автобусите при што интервенираше полицијата и потоа настана масовна тепачка. Украинскиот претседател пак ги повика сите оние што ќе бидат испратени на фронтот и ќе се предадат доброволно ќе бидат заштитени и третирани за цивилизиран начин.

Украина му гарантира три работи на секој руски војник што ќе се предаде. Прво: ќе бидете третирани на цивилизиран начин, во согласност со сите конвенции. Второ: никој нема да ги знае околностите на вашето предавање, никој во Русија нема да знае дека вашето предавање било доброволно. И трето: ако се плашите да се вратите во Русија и да се спротивставите на размена, ќе најдеме начин да го обезбедиме и тоа. Украина ќе направи се за победа. И секој руски граѓанин мора да разбере: никакви трикови нема да му помогнат на окупаторот . Ви ветувам, им порача украинскиот претседател Володимир Зеленски.

 Западот со остри реакции и осуди за мобилизацијата со која како што велат Русија сака да го продолжи конфликтот во Украина со цел да изврши анексија на голем дел од нејзината територија. Рускиот министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во ОН силно ја бранеше војната на неговата земја во Украина, повторувајќи низа поплаки за нејзиниот сосед и Западот.

САД, ЕУ и НАТО не можат да тврдат дека имаат неутрален статус, не можат да тврдат дека не учествуваат во конфликтот. Згора на тоа, една од тие конвенции, јас верувам дека Конвенцијата за основни правила, забранува директно воспоставување пунктови за регрутирање на територијата на неутрални држави. И сите знаете како украинската амбасада и генералите на конзулатите во Европа и во другите земји, отворено на нивните веб-страници, објавуваат покани за приклучување во светата војна против Русија, истакна рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Руското Министерство за одбрана најави и низа разрешувања на високи чиновници во армијата, а го разреши и досегашниот заменик-министер за одбрана задолжен за логистика, генералот Дмитриј Булгаков, а неговото место го зазеде генерал-полковник Михаил Мизинцев, кој порано беше началник на рускиот Национален центар за управување со одбраната. Ваквиот потег доаѓа по неколкуте порази на руската војска на фронтот. Паралелно и покрај воените дејствија во четирите окупирани региони во Украина тече трет ден од референдумското изјаснивање на жителите за тоа дали се са приклучување кон Руската Федерација. Според информациите од таму Доњецк веќе го постигнал цензусот од 55 проценти излезност.

Со 100% гаранција велам дека гласаме со радост секаде каде што можеме. Кажете го тоа на сите. Тоа е нашиот сон, изјави гласач во Доњецк.

 

Знаете што сакам да и кажам на Британија. Престанете да и давате на Украина смртоносно оружје. Стоп! Ние ги спасуваме животите на нашите деца, но тие се убиени. Сакаме да бидеме во Русија како пред 100 години. Сакаме да се вратиме дома, порача гласач од Доњецк.

По завршување на референдумското изјаснување кое ќе трае пет дена Долниот дом на рускиот Парламент, Думата за 29 септември најави дека ќе дебатира за присоединување на регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон кон Руската Федерација.

 Александар Петрески

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе