Спорт Фудбал

Македонија грешеше, Грузија погодуваше за чиста победа во Тбилиси

Македонската фудбалска репрезентација загуби со 2-0 на гостувањето кај Грузија во рамки на 5.коло во Лигата на нации со што завршија сите наши надежи за првото место во групата. Со овој триумф Грузијците го осигураа местото во баражот за пласман на Европското првенство во 2024 година.

Селекторот Благоја Милевски приморан од многуте повреди кај фудбалерите се реши за поинаква формација 3-5-2 и одигравме добри 30 минути. Имавме неколку удари од далечина и иницијатива, но без ефект, па бевме казнети на спротивната страна. Квича Кварацкелија центрираше, а Бојан Миовски несреќно си постигна автогол во 36.минута.

Кварацкелија ги уништи сите наши надежи за позитивен резултат на натпреварот откако погоди за 2-0 во 64.минута повторно по една наша грешка во одбраната. Грузија комплетираше вкупно шест бода против нашата селекција и гол-разлика 5-0.

На Македонија во последното коло во понеделник се среќава со Бугарија во Скопје и ни е потребен барем реми за да го осигураме второто место во групата 4.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Белгијците го исмеваа Трамп откако ги прегазија САД на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Мерино го расплака Роналдо, Балогун не ги спаси САД од Белгија (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Белгија со порака до САД по победата: Поништете го сега ова!

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе