Спорт Фудбал

Милевски: Дојдовме да победиме, не се навраќам на минатото

Македонската фудбалска репрезентација утре од 18 часот во Тбилиси ќе го одигра претпоследниот натпревар во ова издание на Лигата на нации.

“Се концентрирам како ќе функционира нашиот тим и како ние ќе функционираме против тим. Поединците се важни, но тимот е поважен. Квича е во добра форма, но и тој не може ништо сам да постигне.

Македонија имаше одлични квалификации за Светско првенство и во баражот, но за жал овој циклус на Лига на нации го почнавме со проблеми поради повреди и морав да го менувам тимот, иако не планирав. Продолжуваме со таа транзиција во тимот и ова е можност да се увериме во квалитетот на помладите фудбалери. Сепак, мора да потенцирам дека сме конкурентни и додека постојат и најмали шанси, ќе се обидеме да ги искористиме.

Никогаш не се навраќам на минатото, па ни на натпреварот против Грузија во Скопје. Дали се поквалитетна селекција од нас ќе покаже времето. Играат поразличен фудбал од претходно, но подготвени сме да ги исправиме грешките од Скопје. Ако не мислиме дека можеме да победиме, не би ни дошле тука. И во Скопје заслуживме повеќе, но фудбалот е таков и не победува секогаш подобриот. Дојдовме тука утре да победиме”, изјави селекторот на Македонија, Благоја Милевски.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиоли сигурно добива отказ: Милан назначува поранешен играч на кормилото

Desk

Холанѓанец ќе го наследи Јирген Клоп на клупата на Ливерпул

Desk

ПСЖ е подготвен да плати 200 милиони евра за тинејџер на Барселона

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе