Спорт Фудбал

Баерн, Барселона и Интер во битка за првите две места

Денеска со жрепка беа одредени групите за првата фаза од фудбалската Лига на шампиони.

Тројца македонски репрезентативци ќе бидат дел од елитното натпреварување, Наполи на Елиф Елмас во првата фаза ќе се соочи со Ајакс, Ливерпул и Ренџерс додека загрепски Динамо на Аријан Адеми и Стефан Ристовски за противници ги има Милан, Челзи и Салбург.

Жрепката одреди Баерн, Барселона и Интер да бидат во иста конкуренција и заедно со Викторија Плзен да се борат за двете места кои водат во елиминациската рунда.

Првите натпревари во шампионската лига ќе се одиграат на шести и седми септември.

 

ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИ

А ГРУПА

Ајакс, Ливерпул, Наполи, Ренџерс

Б ГРУПА

Порто, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Бриж

Ц ГРУПА

Баерн, Барселона, Интер, Викторија Плзен

Д ГРУПА

Ајнтрахт Франкфурт, Тотенхем, Спортинг Лисабон, Олимпик Марсеј

Е ГРУПА

Милан, Челзи, Салцбург, Динамо Загреб

Ф ГРУПА

Реал Мадрид, Лајпциг, Шахтар, Селтик

Г ГРУПА

Манчестер Сити, Севилја, Борусија Дортмунд, Копенхаген

Х ГРУПА

ПСЖ, Јувентус, Бенфика, Макаби Хаифа

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Белгијците го исмеваа Трамп откако ги прегазија САД на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Мерино го расплака Роналдо, Балогун не ги спаси САД од Белгија (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Белгија со порака до САД по победата: Поништете го сега ова!

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе