Според пишувањето на весникот Тајмс, УЕФА ќе им изрече казни на 20 клуба кои во текот на минатата сезона ги нарушија правилата за финансиски фер плеј.
Меѓу оние кои не ги почитувале прописите се и шест великани на европскиот фудбал како Барселона, Пари Сен Жермен, Олимпик Марсеј, Јувентус, Рома и Интер.
Неофицијални четири од нив веќе ги договориле санкциите. ПСЖ и Олимпик Марсеј ќе минат со парични казни, Интер и Рома ќе се соочат со ограничување на своите трансфер активности додека Барселона и Јувентус поради ставовите околу формирањето на Супер лигата се уште не разговарале за со УЕФА за можните санкции.
Тајмс не ги објави имињата на клубовите на останатите 13 клуба бидејќи од сите оние што се соочуваат со казни се споменува само уште Арсенал, кој е единствен клуб од Премиер лигата во Англија што се соочува со можна казна.
