Ракомет Спорт

Недановски: Се надеваме на добар резултат против Нексе

Актуелниот шампион на Македонија, Вардар утре против Нексе во рамки на четврт-финалето во СЕХА лигата ќе го одигра првиот официјален натпревар во новата сезона.

Со победа во соочувањето против хрватскиот претставник “црвено-црните” ќе обезбедат пласман на завршниот турнир во регионалната лига.

“Турнирот во Струга го искористивме како дел од подготовките за периодот што следи, прво мечот со Нексе. Имавме добри и лоши моменти, сите добија шанса, видовме кои играчи можат да понесат поголем товар. Можам да кажам дека Нексе е добар тим, кој пред неполни два месеци играше Ф4 во Европската лига. Составот е речиси ист, се работи за воигран состав, кој не се менува и игра добар ракомет. Речиси секоја година играме со нив по два натпревари, оваа сезона двапати губевме од нив. Анализата е направена, немавме премногу видео-материјал бидејќи играа натпревари од затворен тип. Се надеваме на добар резултат на утрешниот дуел. Има моменти кога играме добро, ама ротацијата е најголем проблем и тоа најмногу ме загрижува. Да бидеме искрени, имаме играчи кои не добивале воопшто минутажа во минатите сезони, мора да имаме трпение сите за овој тим да расте, да се даде шанса на тие момчиња за кои сметам дека имаат потенцијал да прикажат многу повеќе”, изјави тренерот на Вардар, Владо Недановски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе