Вести Македонија

55 литри/м2 дожд “истурило” во Виница, евакуација со трактори поради поплави во прилепско Лажани

Од УХМР ги објавија податоците за наврнат воден талог за 12 часа (во л/м2) до 20 часот. Најмногу или 55 литри на метар квадратен има паднато во Виница,  или трипати повеќе од 18-те литри во Тополчани, прилепско и во Битола.

Следуваат со 16 Крушево, 13 во Берово, 11 л/м2 во К.Паланка, 10 во Ѓуриште, 8 Струмица, 7 Прилеп и Попова Шапка, 6 Гевгелија, 4 Маврово, 3 во Пожаране, 2 Штип и во, Охрид и еден литар на м2 во главниот град, Скопје, измерено на Зајчев Рид.

Локална нестабилност ќе има и во ноќните часови, предвидува УХМР.

Фотографиите се од Виница објавени на ФБ профилот на градоначаникот.

Раководителот на РЦУК Прилеп известува дека според последните информации добиени од Градоначалникот на Долнени поради поплавувањето на подрумските куќи се врши евакуација на загрозените жители на с. Лажани со помош на трактори.

Во моментот ангажирани се 2 багери, а од Пожарна Прилеп испратена е екипа со 3 пожарникари со 1 теренско возило.

Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Прилеп извести дека дождот престана, а дека водата во поплавените населени места се повлекува.

Поголем дел од Општина Долнени се без електрична енергија, но не поради дефект туку превентивно е исклучена струјата за да заштитат луѓето и мрежата. Екипи од ЕВН се на терен и ја следат ситуацијата.

Екипата од ТППЕ Прилеп работела на испумпување на вода од подрум во маркет во с. Лажани.

До овој момент нема ниту повредени ниту настрадани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Гори југот на Европа, пожари беснеат од Португалија до Грција – евакуирани 10.000 луѓе во Франција

Sasko Dimovski

Објавено новото ИП „ Три амбиентални парчиња за камерен ансамбал“ на Никола Коџабашија и Тегет

Дејан Дејан

Национален комитет го презема управувањето со Газа – Хамас со одлука за распуштање на владата по 20 власт

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе