Вести Македонија Најважни

Муареми: Упадот на Русковска е обид за дискредитација на институцијата

Го бранев интегритетот на управата за финансиска полиција. Нема политичко влијание врз моите постапки. Си заминав од вршител на должноста, и се користам годишен одмор, во управата кадешто работам 15 години.

Доскорешниот директор Арафат Муареми по заминувањето од функцијата за Телма вели дека е уверен дека упадот на обвинителката Русковска за претрес е само обид да се наштети на управата и нему лично. Зад нивните правни несогласувања нема друга позадина, тврди Муареми.

Муареми во разговор за Телма објасни дека на обвинителката Русковска и се спротиставил бранејќи  го интегритетот на управата откако таа упадна со налог за претрес и сомнеж за затајување на истраги.

„ Останувам на тоа дека нема  никакво политичко влијание, туку едноставно го бранев достоинството на институцијата од обидите за опструкција за да бидам деградиран како професионалец. Побарав и очекувам државното обвинителство да изврши ревизија врз работењето на одделението за борба против организиран криминал и корупција каде што одговорно тврдам дека нивното постапување никогаш не подлежело на ревизија,“ вели за Телма Арафат Муареми.

Муареми се пакува за годишен одмор и не знае каде ќе ја продолжи кариерата иако тој во управата е вработен од 2008-та година. Го испразнил директорското биро, а додека владата бира нов челник управата ќе ја води заменик директорот Бесир Деари.

„Мандатот на Арафат Муареми истекува, и согласно процедурата ќе се избере нов директор на финансиската полиција со што институцијата ќе има континуитет во работењето. Владата ја поздравува неговата одлука да се повлече од позицијата директор на Управата за финансиска полиција. Тоа е неопходен чин со цел институционално решавање на прашањата, што е силна заложба на Владата,“ пишува во одговорот од Влада за Телма тв.

Финансиската полиција привремено ќе ја води „вечниот“ полицаец од ДУИ Бесир Деари. Деари од октомври 2020-тата е заменик директор во управата каде владата го назначи откако си даде оставка од заменик-директор на Бирото за јавна безбедност, функција на која беше 18 години со мала пауза. Деари, во МВР им беше заменик на 7 директори на БЈБ.

Финансиската полиција привремено ја води „вечниот“ полицаец од ДУИ Бесир Деари

По разрешувањето на Велковски во август 2018-та година, Деари исто така привремено како заменик ја вршеше директорската позиција, највисока во полициската хиерархија. Во јули, обвинителки од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција извршија претрес со судска наредба во Финансиската полиција и во кабинетот на Муареми во предистрага за злоупотреби по што Муареми поднесе кривични пријави против Вилма Русковска и обвинителките кои ги проверуваа наводите за криминал во Финансиската полиција.

Ивана Трајчева, Елизабета Јосифовска се гонат во дисциплинска постапка дека сториле неоправдана професионална грешка, а Русковска е тргната и од позицијата шефица и нејините предмети.

Таа за Телма потврди дека ја подготвува жалбата до Советот на јавни обвинители во која ќе бара да и се укине мерката оддалечување од функцијата за да може да продолжи да постапува во двата предмети, предистрага за злупотреби во управата со која раководеше Муареми и пропусти во центрите за технички прегледи при МВР.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе