Вести Македонија Топ вести

Финансиската полиција привремено ја води „вечниот“ полицаец од ДУИ Бесир Деари

До избор на нов директор на Управата за финансиска полиција, функцијата привремено ќе ја врши в.д.заменик директорот на финасиската полиција Бесир Деари.

Деари од октомври 2020-тата е заменик директор во УФП каде владата го назначи откако си даде оставка од заменик-директор на Бирото за јавна безбедност, функција на која беше од 2002-ра до 2020-та со неколку години години пауза, две во опозиција, а беше и функционер во Железници.

Деари така во МВР го заработи прекарот „вечен“ бидејќи им беше заменик на директорите на БЈБ Бранко Бојчевски, Цане Чапрагоски, Љупчо Тодоровски-Радникот, Горанчо Савевски, Митко Чавков, Лазе Велковски и актуелниот Сашо Тасевски.

Речиси невидливиот кандидат на ДУИ беше заменик на 7 директори, а функцијата си ја вршеше во мандати на и во време на ВМРО-ДПМНЕ и во време на 9 министри што од СДСМ. Што од ВМРО-ДПМНЕ, што технички министри (Хари Костов, Силјан Аврамовски, Љубомир Михајловски, Гордана Јанкулоска, Митко Чавков, Оливер Андонов, Оливер Спасовски, Агим Нухиу и Наќе Чулев).

Во времето на протестите кои кулминираа со крвавиот четврток пролетта 2017-та, Чавков го предлагал Деари да биде началник на оперативниот штаб „Платформа“, но тој се откажал по што со него раководеше токму тогашниот директор Митко Чавков (министер привремено беше Агим Нухиу).

По разрешувањето на Велковски во август 2018-та година, Деари исто така привремено како заменик ја вршеше директорската позиција, највисока во полициската хиерархија.

Инаку на веб сајтот на финансиската полиција, страницата резервирана за Бесир Деари стои празна и без ниту еден податок за човекот кој ја води оваа управа за борба со финансиски и функционерски криминал и злоупотреби до избор на нов директор.

Арафат Муареми во телефонски разговор за Телма одби да коментира, но рече дека смета како не вршел политички притисок туку ја заштитувал интегритетот на финансиската полиција.

Во јули, обвинителки од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција извршија претрес со судска наредба во Финансиската полиција и во кабинетот на Муареми во предистрага за злоупотреби по што Муареми поднесе кривични пријави против Вилма Русковска и обвинителките ги проверуваа наводите за криминал во Финансиската полиција.

Муареми користи годишен одмор, а ќе се врати во Финансиската полиција каде е вработен од 2008-ма. Повеќе детали од неговата изјава за Телма во Вестите во 15:30, 18:30 и во 21:30.

Павле Беловски

Миомир Серафиновиќ

Ќе има нов директор на Финансиската полиција по Арафат Муареми, во Косово предавал за конфискација, а во Македонија доби кривична пријава за неуспешна конфискација на Трансмет

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе