Во годишниот извештај на ревизорската компанија Дилојт, клубовите во Европа во текот на изминативе 12 месеци имале вкупен обрт од 27,6 милиони евра од кои повеќе од половина отпаѓаат на екипите кои настапуваат во петте најсилни лиги на Стариот континент или 15,6 милијарди.
Вкупната сума сепак не е рекордна во историјата, но се бележи раст во однос пандемиската 2021 година.
Рекордот е забележан во сезоната 2019/20 кога вкупниот обрт изнесуваше 28,9, а една година претходно тој достигна 28,4 милијарди евра.
Меѓу клубовите приматот за минатата сезона го презема Манчестер Сити со сума од 644,9 милиони евра или само четири милиони повеќе од Реал Мадрид додека на третата позиција е Баерн со вкупен обрт од 611,4 милиони.
Лидерот од сезоната 2019/20, Барселона сега е четврта со 582,1 милион евра што драстично намалување ако се земе в предвид податокот дека пред 12 месеци Каталонците имаа обрт од 713,4 милиони.
Ако се анализираат податоците од петте најсилни лиги, пад на обртот, но и на профитот се бележи во Германија и Шпанија, а сумите растат во Англија, Франција и Италија.
Во Германија и Шпанија падот изнесува шест проценти додека во Италија растот е неверојатни 23%, а минимално зголемување од 1% е регистриран во Франција.
ФОТО: Игор Паневски
