Членот на фудбалската репрезентација на Македонија, Езгјан Алиоски од денеска и официјално е нов играч на Фенербахче.
Алиоски во последниов период беше поврзуван со можен трансфер во Трабзонспор, Бешикташ и Фрајбург, но кариерата ќе ја продолжи во тимот на Фенербахче.
“Навистина сум среќен, конечно потпишав со Фенербахче. Едвај чекав да дојде овој момент, чувствувам многу добри работи. Кога чув дека Фенербахче е заинтересиран за мене, бев импресиониран, бидејќи ќе играм за најголемиот турски клуб. Едвај чекам да заиграм пред нив, се гледаме наскоро. Се надевам дека ќе победуваме и ќе освојуваме трофеи заедно”, изјави Алиоски.
ФОТО: Игор Паневски
