Вечерва се одиграа пет натпревари од третото квалификациско коло во фудбалската Лига на шампиони.
Загрепски Динамо на гостувањето во Разград го совлада Лудогорец со 2:1 и е на чекор до пласман во разигрувањето за влез во елитното натпреварување. Трите погодоци беа постигнати уште во првото полувреме, Динамо поведе со головите на Дино Периќ и Серхио Падт кој ја погоди сопствената мрежа додека стрелец на голот за Лудогорец беше Бернард Текпетеј.
Најубедливата победа ја забележа Бенфика која на домашен терен славеше над Митјилад со 4:1, а без победник 1:1 заврши дербито меѓу Монако и ПСВ Ајндховен.
Викторија Плзен како гостин триумфираше над Шериф со 2:1, а Ројал Унион од Белгија го совлада Ренџерс со 2:0.
ФОТО: Игор Паневски
