Во пресрет на почетокот на новата сезона во Англија, медиумите најавуваат дека челниците на клубот планираат да ја прекинат соработката со дури 11 фудбалери.
Први на листата на прекубројни се голманот Бернд Лено и играчот од средниот ред Лукас Ториера. Меѓу оние на кои менаџерот Микел Артета нема да смета се и Никола Пепе, кој во Арсенал дојде за рекордни 72 милиони фунти, а нова средина може да бараат уште Ејнсли Мејтланд Најлс, Пабро Мари, Рис Нилсон и Алекс Рунарсон.
По едногодишната позајмица во Бетис, Ектор Белерин најверојатно ќе остане во Шпанија, а статус на позајмен играч ќе има и Флоријан Балогун.
Арсенал од продажбата на овие фудбалери и од парите што ќе ги добие за позајмиците се очекува да ангажира барем уште еден фудбалер и наскоро треба да се испрати понуда до ПСВ Ајндховен за трансфер на Коди Гакпо.
