Вести Македонија Најважни

Поранешниот директор на тетовската болница, техничкиот директор и еден доктор – обвинети за пожарот во кој загинаа 14 пациенти

Екс-директорот на тетовската болница, Флорим Бесими, поранешниот технички  директор и доктор се обвинети за катастрофалниот пожар во кој загинаа 14 пациенти лани на 8-ми септември во модуларниот ковид центар.

Тетовското обвинителство го поднело обвинението против тројца за две различни дела, односно против директорите за Тешки дела против општата сигурност, а за докторот непостапување според здравствените прописи.

Ако се погледнат делата за кои се гонат директорите е сторено од небрежност, а се пропишани Казни до максимум 5 години затвор. Во време на катастрофалниот пожар директор на тетовската болница со повеќегодишен стаж на вршител на должност надвор од законските правила беше Флорим Бесими, брат на министерот Фатмир Бесими, додека економски директор беше Артан Етеми. И двајцата тогаш си поднесоа оставки.

Одговорниот лекар за ковид болницата (третообвинет) пак доби уште поситно кривично дело односно за што е предвидена парична казна или затворска до една година. Ова дело е најупотребуваното во време на пандемијата, но го добиваа граѓани кои не ја почитуваа изолацијата поради болест или поради контакт со заболени.

Во обвинението се товари и тетовската болница за дело за кое е предвидена парична казна.

„Обвинетото правно лице сторило кривично дело – Предизвикување општа опасност по чл.288 став 5 во врска со став 4 во врска со став 2 и кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно чл.206 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик“ – соопшти основното јавно обвинителство од Тетово.

Но, оваа информација тетовското обвинителство не ја споделило со јавноста кога го поднело обвинителниот предлог и покрај огромниот интерес на медиумите.

Се дозна после новинарско прашање, а пропустот од државното обвинителство го правдаат со годишните одмори.

Денеска одговорија само со штури инфрмации за случајот кој длабоко ја потресе јавноста, а повеќе детали најавија за утре.

Според информациите на Телма двајцата директори се обвинети бидејќи во болницата не постоел противпожарен систем, а докторот за тоа што дозволил присуство на роднини на болнитеод корона и покрај забраната за посетители.

Тетовското обвинителство смета дека во модуларната изгореле 14 луѓе поради небрежност на директорите кои може да добијат максимум 5 години затвор

Во истрагата беа вклучени и германски истражители кои на 7 страници изготвија извештај за пожарот но никогаш не беа објавени детали од него.

Од вештачењето на македонското мвр пак пожарот настанал како последица на запален продолжен кабел на кој бил приклучен апарат за реанимација, полнач за мобилен и уште еден апарат.

Се запалил во моментот кога се реанимирал пациент. Според до сега објавените информации сепак во обвинението не е опфатен делот за тоа зошто толку бргу се прошири пожарот и зошто толку бргу изоре материјалот од кој беше изграден модуларниот центар.

Тој беше изграден со пари од Светска банка а според документите од министерството за труд и социјала директорите на болниците се задолжени за противпожарна заштита.

Во пожарот загинаа 14 луѓе, а исто толку беа спасени. Обвинението беше најавувано уште на почетокот на оваа година, но сепак доаѓа 10 месеци после трагичниот настан.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе