Вести Свет Топ вести

Баербок: Берлин долгорочно ќе распореди војници и противвоздушни системи во Словачка

Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок синоќа по разговорите со нејзиниот колега Иван Корчок во Братислава изјави дека Берлин е посветен на долгорочно распоредување војници и противвоздушни ракетни системи Патриот во Словачка за заштита од руските закани.

Патриот ќе останат додека ви требаат. Ова не е само минлива работа, туку солидарност на дело. Ние сме заедно за ова безбедносно прашање, посочи Баербок.

Одбранбени системи Патриот и околу 300 војници на Бундесверот беа стационирани во Словачка по почетокот на војната во Украина. Дополнително, во април, Бундесверот испрати дополнителни 300 војници во мултинационална единица на работната група во земјата што граничи со Украина.

Бербок наведе дека во Словачка во моментот се распоредени 640 војници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе