Вести Свет Топ вести

Кисинџер: Отстапувањето украинска територија не смее да биде на преговарачка маса со Русија

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер ги советуваше Украина и Западот во идните мировни преговори да не и отстапуваат на Русија ниту еден дел од украинска територија окупирана од почетокот на војната.

Кисинџер во изјавата за германската државна телевизија „Зе-Де-Еф“ нагласи дека отстапувањето територија не смее да биде на преговарачка маса, и го повика Западот  независно околностите да биде јасен по однос тоа за што може и за што не може да се разговара.

Сето тоа мора да се направи заедно со Украинците, нагласи поранешниот државен секретар. Кисинџер, пет месеци од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Кисинџер одигра клучна улога во обликувањето на американската надворешната политика од крајот на 60-те до крајот на 70-те години на минатиот век, прво како советник за национална безбедност, а потоа како државен секретар. Во 1973 година тој ја доби Нобеловата награда за мир за договорот за прекин на огнот и договорот за повлекување од тогашниот Северен Виетнам.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе