Вести Македонија Најважни

Маричиќ против референдум, ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува вечерва

Вицепремиерот за европски прашања е против референдум за одобрување на преговарачката рамка. Смета дека двотретинско мнозинство во Парламентот ќе биде доволно за да се даде легитимитет на процесот.

Маричиќ потсети на референдумот од 2018-та година, кој беше бојкотиран и за кој вели дека е „научена лекција“.

Опозицискиот лидер, пак, не се откажува од идејата за граѓанско изјаснување која вечерва ќе ја анализира и со Извршниот комитет на партијата.

На референдумот, според најавите, граѓаните ќе треба да се изјаснат дали ја прифаќаат преговарачката рамка заедно сосе билатералниот договор со Бугарија, но конкретното прашање допрва ќе се формулира.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од понеделник можно е повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Дејан Дејан

Ќе биде менаџер на кинески BYD – Сијарто поднесе оставка на пратеничката функција во Унгарија

Sasko Dimovski

Kој е виновен за заминувањето на младите и затворање на училиштата – дуел Бочварски и Јаневска во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе