Претседателот на САД, Џо Бајден е позитивен на Ковид-19, потврди денеска Белата куќа. 79-годишниот Бајден двапати е вакциниран и примил уште две дополнителни дози. Тој има многу благи симптоми и се лекува со антивирусен лек Паксловид.
Бајден ќе продолжи да работи во изолација се до негативен тест на Ковид-19. Неговата сопруга Џил Бајден е негативна.
Во текот на денот медицинската служба ќе ги извести сите контакти на Бајден, вклучително и претставниците кои вчера патуваа со претседателот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
