Велика Британија денеска го живее својот најтопол ден откако ја мери темепратурата на воздухот. Измерени се рекорни 40 степени – температура која го надминува и рекордоот измерен пред три години, кога најтоплиот ден бил 39 степени.
Прогласена е црвена тревога што значи предупредување за екстремна топлина што би значела ризик од сериозни болести па дури и смрт кај здрави луѓе. Луѓето се предупредени да не излегуваат доколку немаат некоја итна потреба. Жителите на Лондон уште од изутрината го почувствуваа топлиот бран кој ќе ги следи деновиве. Дел од нив го поднесуваат, но многумина не можат да го издржат.
Топлотниот бран со кој се сооочува Европа веќе цела недела, од денеска се движи кон северниот дел на стариот континент, со што во Велика Британија предизвика пречки во сообраќајот, а почнаа да се полнат и болниците со пациенти кои не можат да ги поднесат неподносливите за нив горештини.
Не сме навикнати нашите телесни знаци да ни кажуваат кога не се справуваме со топлина. Разликата во Медитеранот е во тоа што куќите се изградени малку подобро за него, традиционално поради високите температури. Луѓето имаат некаква форма на климатизација, но исто така и човечкото однесување кое се развива со децении таму, а ние едноставно го немаме тоа во В.Британија, вели д-р Лора Мекартур, физичар на универзитетот Ексетер.
Топлотниот бран со кој се соочува Европа е предизвикан од климатските промени. Високите температурти предизвикаа шумски пожари во Шпанија, Португалија и Франција поради што илјадници луѓе се евакуиарни, како и животните од зоолошките градини на југот од Франција. Италија се соочува со најголемата суша во изминатите 70 години, а недостатокот од дожд во Каталонија предизвика состојбата на акумулациите стане сè покритична, бидејќи сегашните резерви на внатрешните басени полни само 48%.
Тамара Марковска
