Вести Свет

Путин: Постигнат е напредок во преговорите за извоз на жито од Украина

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска во Техеран изэ ави дека е постигнат напредок во преговорите за извоз на жито од Украина преку Црно Море и му заблагодари на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за „посредувањето“.

– Би сакал да Би сакал да ви се заблагодарам за вашите напори за посредување, што ја понудивте Турција како основа за преговори за прашањата за производство на храна и извоз на жито преку Црното Море, истакна Путин на средбата со Ердоган во Техеран.

Путин и Ердоган денеска допатуваа во Техеран на разговори со иранскиот претседател Ебрахим Раиси за судирот во Сирија и за војната во Украина.

Путин и Ердоган разговараа за механизмите што ќе овозможат извоз на жито од Украина, што е блокиран поради руската воена офанзива и постои опасност од светска криза со храна.

Преговорите со Москва, Киев, Анкара и Обединети нации треба да се одржат во следните денови во Турција, по напредокот постигнат на преговорите одржани на 13 јули.

Договорот, за кој се преговара под покровителство на ОН, има за цел да пренесе околу 20 милиони тони жито блокирано во украинските силоси преку Црното Море поради офанзивата предводена од Русија во Украина.

Руското Министерство за одбрана на 15 јули соопшти дека е подготвен „завршен документ“, со што би се дозволил извоз на жито од Украина.

Договорот, за кој се преговара под покровителство на ОН, има за цел преку Црно Море да се извезат околу 20 милиони тони жито блокирани во украинските силоси поради руската инвазија врз Украина.

Москва соопшти дека во Истанбул треба да се отвори координативен центар, кој ќе овозможи извоз преку Црното Море.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма од Гостивар: Денеска нема цистерни со вода недела е, резервите од шишиња се драгоценост, а капењето вистински предизвик

Дејан Дејан

За повеќе од 7% ќе поскапи парното греење?

Дејан Дејан

Телма открива: како пропадна проектот за реновирање на водоводот во Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе