Вести Свет

ЕУ предлага да се деблокираат средствата на руските банки за да ѝ се помогне во увозот на жито

Европска комисија до земјите-членки на Европска Унија достави документ со што се предлага да се ослободат „одредени средства“ од руските банки замрзнати по санкциите на ЕУ со цел да се помогне во обнова на трговијата со земјоделски и прехранбени производи.

  • ЕУ сака совршено да стави до знаење дека ништо во санкциите не го спречува транспортот на жито од Русија или Украина… Надлежните органи на земјите-членки може да одобрат ослободување на одредени замрзнати средства или економски ресурси кои им припаѓаат на банките, откако ќе утврдат дека тие средства се неопходни за купување, увоз или транспорт на земјоделски и прехранбени производи, вклучително и жито и ѓубрива, се наведува во документот.

Според неименуван дипломат изјави дека тоа се однесува на седум руски банки и оти земјите-членки наскоро треба да одлучат за тоа.

Претседателот на Сенегал и актуелен претседател на Африканска Унија, Меки Сал, неодамна изрази загриженост за последиците од европските санкции врз трговијата со жито, особено за исклучувањето на главните руски банки од меѓународниот финансиски систем Свифт, што е клучен за трансфер на пари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма од Гостивар: Денеска нема цистерни со вода недела е, резервите од шишиња се драгоценост, а капењето вистински предизвик

Дејан Дејан

За повеќе од 7% ќе поскапи парното греење?

Дејан Дејан

Телма открива: како пропадна проектот за реновирање на водоводот во Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе