Вести Свет

Редици во Њујорк за вакцинирање против мајмунски сипаници

Њујорк, град со осум милиони жители, стана епицентар на мајмунски сипаници и неговите жители, главно мажи на возраст меѓу 20 и 40 години, брзаат да се вакцинираат, формирајќи долги редици пред медицинските центри.

Во Мај се поијавија првите случаи на заразени со мајмунски сипаници, а до крајот на минатата недела имало 461 случај на таа инфекција.

Секој може да се зарази со таа болест, што се шири преку близок физички контакт, но вакцината Jynneos моментално е резервирана само за хомосексуалните мажи, кои го сочинуваат огромното мнозинство од заразените.

Мажите кои чекаа на ред едногласно потврдија дека имале среќа што воопшто успеале да закажат термин, јавија француски медиуми во репортажа.

На веб-страницата во шест часот наутро имало известување за 9.200 бесплатни места и се било пополнето за само седум минути.  Експерт за анализа на податоци тврди дека оние кои се најактивни на социјалните мрежи имаат најголеми шанси да резервираат термин.

Поради недостиг на дози, центарот во Бушвик најверојатно нема да се отвори денеска, а комесарот за здравство Ашвин Васан истакнува дека на Њујорк му се потребни десетици илјади дози од вакцината.

Њујорк досега има потрошено 21.500 дози од вакцината, надевајќи се дека ќе го забрза процесот на вакцинација и очекува повеќе од 30.000 нови дози за целата држава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: пожарот во парк шумата Гази Баба е ставен под контрола

Дејан Дејан

МЕТЕОАЛАРМ: Силен ветар се приближува кон територијата на Македонија

Дејан Дејан

ВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе