Вести Свет

Нема туширање на плажите, Истра со рестрикции за потрошувачката на вода

Во Истра од полноќ е во сила рестрикција на вода од прв степен –  односно забрана за користење на вода за пиење за миење возила, улици, плоштади, јавни и приватни површини, јавни зелени површини, како и за туширање на плажи и базени, со исклучок на пазарите и во рибарниците.

Мерката е донесена поради неповолната хидролошката состојба на подрачјето на Истра, а во услови кога се очекува продолжен сушен период.

Истарскиот жупан Борис Милетиќ ги повика граѓаните, деловните субјекти и туристите рационално да ја трошат водата за пиење за властите да не бидат принудени на уште порестриктивни мерки, а со цел граѓаните и гостите во Истра постојано да имат вода за пиење.

Метеоролозите најавуваат дека Хрватска неделава ќе ја зафати нов топлотен бран, со продолжен сушен период.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: пожарот во парк шумата Гази Баба е ставен под контрола

Дејан Дејан

МЕТЕОАЛАРМ: Силен ветар се приближува кон територијата на Македонија

Дејан Дејан

ВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе