Велика Британија денеска би можела да го има најтоплиот ден во историјата, бидејќи се очекува температурите да достигнат до 41 Целзиусов степен.
Црвено предупредување е издадено за многу делови на Англија – од Јорк и Манчестер до Лондон и југоисточниот дел на државата.
Највисоката температура некогаш забележана во Британија била 38,7 степени Целзиусови – во Ботаничката градина на Универзитетот во Кембриџ на 25 јули 2019 година.
За денес се поставени некои нови мерки, иако надлежните велат дека тоа е последен начин, сепак морале да ги постават овие мерки со цел да ги заштитат граѓаните во овие топли денови.
Некои училишта во неколку региони потврдија дека ќе бидат затворени денеска и утре, додека железничките компании ги повикаа луѓето да не патуваат овие два дена.
Воведена е дополнителна поддршка за службите за брза помош.
Британците се повикани да останат во своите домови за време на најжешкиот период, меѓу 11 и 16 часот, да носат крема за сончање, капа, да останат во сенка и да пијат вода
Денес Лондон би можел да биде потопол и од Западна Сахара и Карибите.
