Вести Свет

Голем број пожари поради високите температури

Топлотниот бран што ја зафати западна Европа продолжува да предизвикува разорни шумски пожари. Овој топлотен бран е втор за нешто повеќе од еден месец во Европа.

Во Франција, Грција, Португалија, Шпанија, пожарите изгореа илјадници хектари, принудија илјадници луѓе да ги напуштат своите домови, а минатата недела зедоа животи на неколку пожарникари и спасувачи. Засега нема пријавени жртви во пожарите во Франција и во Шпанија, но, властите во Мадрид соопштија дека високите температури предизвикале стотици смртни случаи.

Во југозападна Франција од вторникот изгореа речиси 11.000 хектари шума. Француската метеоролошка служба прогласи црвен код за опасност од горештини во 15 департмани во западниот дел на земјата, што е знак за врв на екстремни горештини.

– Денеска може да биде еден од најтоплите денови во Франција. Жештините се зголемуваат, топлотниот бран се шири низ државата, предупредува државната метеоролошка служба и очекува уривање на многу температурни рекорди, особено на западот и југозападот од државата.

Околу 20 шумски пожари сè уште беснеат во Шпанија и се надвор од контрола во различни делови на земјата.

Во Шпанија како резултат на топлината има 237 смртни случаеви.

Во Португалија со температури од 47 степени има само еден активен голем пожар според  португалската служба за цивилна заштита во близина на Чавес во најсеверниот дел на земјата.

Според најновите податоци на португалските власти, во пожарите од минатата недела загинале две лица, а околу 60 се повредени. Од почетокот на топлотниот бран изгореа меѓу 12.000 и 15.000 хектари шума.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: пожарот во парк шумата Гази Баба е ставен под контрола

Дејан Дејан

МЕТЕОАЛАРМ: Силен ветар се приближува кон територијата на Македонија

Дејан Дејан

ВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе