Вести Свет

Со штедење и рационaлно трошење нема да има рестрикции во зима

Роберт Голоб, Словенечкиот премиер изјави дека енергетската солидарност е единствениот начин Европската унија да избегне редукции во текот на престојната зима, а недостигот од руски гас да се компензира преку намалување на негово трошење за производство на електрична енергија.

Доколку членките би обезбедиле струја од други извори за Германија, Италија и Холандија кои се големи потрошувачи на електрична енергија произведена од гас, а за што постојат реални можности, преку паневропска солидарност и синергија отсуството руски гас може да мине без енергетски рестрикции, цени словенечкиот премиер.

Словенечката Влада вчера донесе уредба за регулирање на цената на струјата на малите домаќинствата од 1 Септември, со што тие ќе плаќаат пониски цени.

Голоб најави дека наредната седмица Владата ќе донесе слична одлука за регулирање на цените на гасот.

Тој исто така повика на штедење и рационално користење на енергијата, како и создавање резерви на гориво кај производителите на енергија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе од 300.000 евакуирани во Франција и во Шпанија – под нелетот на ветрот огнот и понатаму се шири

Дејан Дејан

(фото)Германската полиција трага по осомничениот за нападот со комбе во Берлин на Парадата на гордоста во кој загина едена жена, а 16 се повредени

Дејан Дејан

Незаборавна Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе