Вести Свет

Румен Радев почнува консултации со бугарски партии

Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска ќе има консултации со претставници на пратеничките групи во 47. Народно Собрание, пред да го врачи третиот мандат за формирање нова влада во рамките на актуелниот парламент.

Радев пред два дена, по враќањето од посетата на Црна Гора, рече дека ќе има консултации со сите парламентарни партии за да ги слушне начините за излез од политичката криза и какви модели и политики ќе бараат поединечните партии за коалиција пред да одлучат на кого од „Демократска Бугарија“, Бугарската социјалистичка партија или „Има таков народ“, да го предаде третиот мандат за формирање нова бугарска влада.

Доколку и овој обид не успее, тогаш претседателот на Бугарија е должен да го распушти Народното собрание, да закаже предвремени парламентарни избори и да назначи преодна влада која ќе ги организира во рок од два месеци. Како најверојатен датум за нивното одржување, Радев го гледа почетокот на октомври, а правниците очекуваат тие да се одржат на 2 или 9 октомври.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе од 300.000 евакуирани во Франција и во Шпанија – под нелетот на ветрот огнот и понатаму се шири

Дејан Дејан

(фото)Германската полиција трага по осомничениот за нападот со комбе во Берлин на Парадата на гордоста во кој загина едена жена, а 16 се повредени

Дејан Дејан

Незаборавна Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе