Вести Свет

Прифатена е оставката на претседателот на Шри Ланка

Претседателот на Парламентот на Шри Ланка денеска соопшти дека ја прифатил оставката на претседателот на државата Готабаја Раџапакса, два дена после неговото бекство од земјата.

Раџапакса ја испратил оставката по електронска пошта. Тој во саботата побегна од својата резиденција во која упаднаа демонстранти, обвинувајќи го за лошо управување со земјата што се наоѓа во најтешката економска криза во својата историја.

Тој во средата успеа да ја напушти Шри Ланка и да отпатува на Малдиви, за вчера со авион да замине за Сингапур, од каде испрати го испратил писмото со оставката.

„Готабаја официјално поднесе оставка“, изјави пред новинарите претседателката на Парламентот Махинда Јапа Абејвардана.

Раџапакса е првиот шеф на држава што поднесе оставка откако Шри Ланка го воведе претседателскиот систем во 1979 година.

Во главниот град Коломбо каде беше воведен полициски час, мала група луѓе се собраа пред претседателскиот секретаријат за да ја прослават оставката со песни и развиорени државни знамиња.

Според Уставот на земјата, премиерот Ранил Викремесинг од кого демонстрантите исто така бараат оставка, автоматски станува вршител на должноста додека Парламентот не назначи нов претседател.

Во меѓувреме, демонстрантите се повлекоа од службените згради што ги окупираа.

Сингапур не е крајната дестинација на Раџапакса. Извори блиски до безбедносните служби на Шри Ланка наведуваат дека тој ќе остане таму некое време, од каде би требало да замине за Обединетите Арапски Емирати.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе од 300.000 евакуирани во Франција и во Шпанија – под нелетот на ветрот огнот и понатаму се шири

Дејан Дејан

(фото)Германската полиција трага по осомничениот за нападот со комбе во Берлин на Парадата на гордоста во кој загина едена жена, а 16 се повредени

Дејан Дејан

Незаборавна Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе