Вести Свет

Италијанскиот премиер Драги поднесе оставка по колапсот на владеачкото мнозинство

Италијанскиот премиер Марио Драги поднесе оставка на својата функција неколку часа откако популистичкиот коалициски партнер во владата – партијата 5 ѕвезди ја повлече својата поддршка за неговиот кабинет.

Драги, поранешен директор на Европската централна банка ја предводеше владата на национално единство од Февруари 2021-та година.

Политичката криза во третата европска економија по големина ја предизвика лидерот на движењето 5 ѕвезди, Џузепе Конте, кој одби да го поддржи пакетот економска помош за семејствата и бизнисите вреден 23 милијарди евра, обвинувајќи го премиерот Драги не презема доволно мерки да се справи со кризата на растечките трошоци на живот.

Иако владата комотно ја доби поддршката на мнозинството во денешното гласање во Сенатот, премиерот предупредуваше дека без поддршката на движењето 5 ѕвезди не може да продолжи да ја води владата.

Новите парламентарни избори во Италија требаше да се оддржат кон почетокот на 2023-тата година, но по оставката на Драги најверојатно ќе мора да се одржат оваа есен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе од 300.000 евакуирани во Франција и во Шпанија – под нелетот на ветрот огнот и понатаму се шири

Дејан Дејан

(фото)Германската полиција трага по осомничениот за нападот со комбе во Берлин на Парадата на гордоста во кој загина едена жена, а 16 се повредени

Дејан Дејан

Незаборавна Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе