Вести Свет

Повеќе загинати во оружен напад во трговски центар во Копенхаген, уапсен 22-годишен етнички Данец кој го извршил нападот

-Мислевме дека е грабеж, кога почна пукањето. Но, потоа видов дека не пука во таванот или во подот туку во луѓе. Скокнав зад пултот во продавницата за да се засолнам, сведочи вработена во трговскиот центар Филдс кој се наоѓа во јужниот дел на главниот град на Данска Копенхаген.

По истрелите, почнала паника и стампедо меѓу посетителите на трговскиот центар. Полицијата успеала да го уапси 22-годишниот напаѓач за кого само кратко соопшти дека е етнички Данец.

Има повеќе загинати и ранети, а најблиската болница примила повеќе ранети луѓе поради што се повикани и цели смени на испомош.

Полицијата го затвори центарот и продолжува со истрага. Се пребаруваат сите простории за да се извлечат сите жртви и ранети.

Има сомнежи и дека напаѓачот не делувал сам, па полицијата се обидува да открие дали уапсениот е дел од поголема група.

-Користено е ловечко оружје, го видов како носи ловечка пушка, тврдеше еден сведок за данските медиуми.

Претходно, данските безбедносни служби го дигнаа алармот поради можни напади на верски радикали и на десни екстремисти. Првичната истрага засега не го поврзува нападот со овие предупредувања на данските тајни служби.

Последниот масовен оружен напад во Данска се случил во 2015-та кога беа убиени двајца. Во престрелката со напаѓачот тогаш беа повредени 6-мина полицајци, а злосторникот се самоуби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Пожари беснеат во Франција и Шпанија, пожарникарите немоќни – бројот на евакуирани надмина 220.000

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе