Вести Македонија Најважни

Нема бланко поддршка за францускиот предлог од владините партнери

Неколкучасовното убедување до полноќ во владата не ги предомисли помалите коалициони партнери: не даваат бланко поддршка за францускиот предлог. Бараат суштински измени, во спротивно нема да го гласаат и предлагаат референдум. Издејствувале од премиерот, за ова прашање да се расправа на пленарна седница во Собранието, кое ќе треба да ја понесе и одговорноста за евентуално изгласаните заклучоци, но само ако има одлука со општ консензус. Демократски сојуз и ДОМ условиле и со свои барања.

Трајанов бара реципроцитет и за историските и образовните прашања, говорот на омраза  и отворањето на досиеја за прогонувани лица од комунистичкиот режим. За македонските ревулуционери, Гоце Делчев, Јане Сандански, Дамјан Груев и други, пак, вели дека не смеат да се водат разговори, а бара и да се прекинат дискусиите за заедничко славење на македонските национални празници. Тврди и дека, никој не нѐ врзува за рок и не треба да се брза со одлуката додека предлогот не биде прифатлив за сите.

И ДОМ се конзистентни во ставот дека, отворените билатерални прашања со Бугарија не треба да бидат дел од преговарачкиот процес.

Од ДОМ побарале и сите документи од овој процес, не само рамката, да бидат преведени на македонски јазик и да бидат достапни до јавноста, што од Ковачевски било прифатено. Од овие партии тврдат и дека, не е точно дека документот не може да се преработи, затоа што на протоколот сѐ уште работат комисиите од двете министерства за надворешни работи и корекции може да се вметнат.

Партиите на Албанците прифаќаат за ова да се расправа на пленарна седница, иако за нив францускиот предлог е прифатлив.

Доколку се отвори Уставот, и од двете партии имаат свои барања, а клучното е да се избрише процентот 20 отсто за правата на Албанците.

Пратениците за ова најверојатно ќе расправаат во четврток. За утре е закажана владина седница, но предлогот сѐ уште не е ставен на дневен ред затоа што партиите немаат изградено поединечни ставови. Вечерва тројцата претседатели на ДС, ЛДП и ДОМ се поканети на средба кај претседателот Пендаровски.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе