Вести Македонија Најважни

Францускиот предлог за Пендаровски е прифатлив и транзициски компромис

Не сме пред одлука да се биде или не, но прифакањето на францускиот предлог ќе ја крене бугарската рампа кон ЕУ и тоа е една од причините поради кои за шефот на државата Пендаровски е прифатлив.

За него модификуваниот предлогот ниту е историски триумф ниту историски дебакл

„Според мене, станува збор за транзиционен компромис за една од фазите на европските интеграциите, во кој три елементи се битни и затоа предлогот, според мене, во оваа фаза, е прифатлив. Прво со предлогот ја креваме бугарската блокада и предлогот дозволува формално отворање на преговорите после 17 години чекање, второ, овозможува скрининг процес, и, трето и најважно , ама баш со ништо, не го поткопува македонскиот идентитет затоа што за клучната одредница за македонски јазик во предлогот има чиста формулација, без фуснота“ – изјави претседателот Пендаровски.

Пендаровски објасни дека терминот транзиционен компромис го избрал затоа што со него се решава една блокада а тоа е бугарската е но најверојтно ќе има домашна блокада затоа што недостижно е обезбедувањето на дво третинско мнозинство со кое би се сменил Уставот за да се вметнат Бугарите во него.

Иако ќе помине време односно можно е прашањето за уставот да се отвори во 2024.

Бугарите не кочеа и до сега и без договор а тоа може да го прават и во иднина но доколку се прифати предлогот и почнеме преговори се намалуваат механизмите за чисти национани блокади смета Пендаровски.

Тој му предложил на премиерот и заштитен механизам со кој во иднина ниту една влада нема да прифати отворање на макеоднски идентитетски прашања

„Очекувам заклучоци на Влада кои во случај да го прифатат овој предлог, би морало да има реченица плус, дека од денот кога ќе ги отвориме преговорите до денот кога ќе ги завршиме, ако има дополнителни обиди од бугарските или која било страна повторно да се споменуваат прашањата за македонски јазик, идентитет и историја, не треба да чекаме некој да не блокира, туку сами треба да излеземе“ – вели Пендаровски.

Претседателот го разбира стравот на граѓаните дека европа е лицемерна но неговиот впечатокот од средбите со европските лидери воопшто не е дека сакаат да ја разнебитат Македонија, напротив францускиот претседател и Германскиот канцелар изразиле желба да се дојдат и да се обратат во македонскиот парламент а Шолц планирал да го оживее Берлинскиот процес.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од септември примена на „просечна потрошувачката кошничка“

Kristina Kuzmanovski

Видовме полицајци, не ни помогнаа – сведочења на малолетници за „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Украина погоди 116 руски бродови за девет дена, соборија и руски хеликоптер Ми-28

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе