Вести Македонија Најважни

Законодавно-правната комисија повторно ја вжешти атмосферата во Собранието

Повторно тензична атмосфера во Собранието но овој пат во законодавно-правната комисија каде ноќеска околу полнок ескалираше дискусијата за законот за работни односи, кој доколку не се усвои, на 1 јули одат во пензија 60 тина судии и 13 јавни обвинители.

Како и на завечашната комисија за европски прашања и денеска пратениците од опозицијата го стегнаа обрачот околу претседателката на комисијата пратеничката Снежана Калевска Ванчева

По завршувањето на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека не им било дозволено да ги кажат бројните забелешки меѓу кои дека законот не треба да се носи во скратена постапка, но и дека за пензионирањето на судии треба да се менуваат судските закони кои се дво-третински а не законот за работни односи

Од СДСМ пак утрово се огласија дека опозицијата со  тензии и инциденти, сака да го одбранат криминалот

„Секогаш кога во Собранието се расправа за закони од правосудството, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се нервозни, деструктивни, прават тензии, ги малтретираат пратениците и вработените во собраниските служби, а често се обидуваат да испровоцираат и физички пресметки“, велат од СДСМ.

Законот за работни односи ја зовре атмосферата во собранието уште во понеделеникот. Претседателот на Собранието Талат Џафери не го оправдува однесувањето на сопартиецот Арбер Адеми кој како претседател на комисијата за европски прашања фрли филџан и пластично шиште кон опозициските пратеници пред него. Но смета дека бил испрвоциран. Џафери имал средба и со европратениците и ги известил за инцидентот, им дал и интегрална снимка за да ја оценат ситуацијата бидејки не требало да се гледа само во исечоци.

„Немам надлежност да побарам одговорност, тоа се пратеници, а не службеници. Поуката е дека тоа не смее да се случува во Собрание, а нема да се случи доколку тој што е пратеник си седи на место. Инцидентот не го предизвикал Адеми, туку тие кои отидоа на говорница и кои го искорнаа микрофонот“, рече Џафери

Претходно на комисијата за европски прашања во рамки на предвидените два дена за расправа беа разгледани само два од поднесените 388 амандмани.

Елена Ивановска Мукоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Ќе ги бомбардираме електричните централи и мостовите во Иран ако не се вратат на преговорите

Kristina Kuzmanovski

Го убиле на паркинг во Автокоманда, телото го пренеле во дворот на Поликлиника Железара – брачен пар од Скопје осомничени за убиството на матичниот лекар Трповски

Sasko Dimovski

Кривична против таткото на Меланија за физичко и психичко насилство врз семејството за што јавно алармираше неговата ќерка

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе