Вести Македонија Најважни

Прекината Комисијата за надворешна политика на бугарското Собрание

Кавга во Комисијата за надворшени работи на бугарското собрание ја прекина седницата на која таа требаше да донесе одлука дали за Бугарија е прифатлив францускиот предлог за преговарачката рамка за Македонија, но и за протоколот од заедничката среда на министерствата за надворешни работи меѓу двете земји за спроведување на Договорот за добрососедство. Освен за тоа дали Комисијат треба да се произнесе пред владата за францускиот предлог, пратениците се скараа и околу гласањето на доверба на владата.

-Чекам да видам до вечер како ќе гласа ’Има таков народ’ за предлогот на ГЕРБ за оставка на Владата, бидејќи ГЕРБ се тие кои денеска кажуваат дка ќе го поддржат паѓањето на ветото.

-Г-дине Вигенин зборувате глупоси, интересно е да се види како ќе зборувате вие со ГЕРБ . Интересно е да се види како ќе гласате вие кога сте толку отворени.

-Му се извинувам на бугарксиот народ за ова. Ова е национално предавствo, си реплицираа пратениците.

Несогласувањето меѓу пратениците од партијата од валдеачкотот мнозинство и опозициската се случи пред и да дојде до разгледување на документите, по излагањето на министерката за надворшени работи, Теодора Генчовска, кое беше затворено за јавноста.

Предлагам да ја одложиме комисиата се додека Владата не донесе одлука. По одлуката, (парламентарните н.з.) групите ќе бидат запознаени и тогаш ќе може да ја свикаме Комсиијата. Сметам дека денешната седница е бесцелна и предлагам да се одложи, беше ставот на Станисла Анастасов, пратеник од „Движење за права и слободи“.

Одлуката на бугарската влада од минатат недела таа да не се произнесува по предлозите кои стигаат од ЕУ за прашањето со Македонија, туку да одат пред Комисијата за надворшена политика, поранешната министерка з анадворшени работи на Бугарија, Екатерина Захариева, од редовите на ГЕРБ го оцени како незаконски и противуставно. Таа денешната сеница на Комисијата ја нареше циркус и кризен менаџмент.

Ако целта беше ние да го разгледаме и Владата да донесе одлука врз нашиот став зошто седницата не беше свикана за викендот или во понеделникот, за д може Владата да го чуе нашето мислење и да донесе решение. Сметам дека ова заседание е бесмислено и подготвени сме, гарантирам, во името на нашата партија, кога и да има решение и позиција ние да го поддржиме, ако Владата не може и не смее, очигледно, да го направи тоа, ние ќе го направием тоа, со јасно заштитени интереи на Бугарија, рече Захариева.

Пратениците од владеачките партии пак на ова возвратија дека со Комисијата за првпат можат да бидат изнесени сите факти околу прашањето со Македонија пред бугарската јавност, со став дека олуката не може да се носи во партиски куолари како што сака опозицијата.

Но тоа што денеска вие ја скривте оваа дебатат од бугарските граѓани е нешто за што ќе го добиете заслуженото бидејќи се обидувате зад грб да носите долуки кои се клучни за бугарската политика. Се обидувате да ја злоупотребувате темата со Северна Македоинија во последните неколку недели и од ГЕРб и од Има таков народ и сега целата дискусија која требаше да ја имаме денеска, да видиме, до каде сме и кои ни се идните чекори, вие ја сокривте од бугарските граѓани, реплицираше Кристијан Вигени, пратеник од БСП .

Пратениците од владеачќките партии го ја бране процедурата прво да е произнесе Собранието велејќи дека законски и уставно е Собранието да донесе одлука за се и да ја задолжи Владата да преземе неопходни чекори.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе