Вести Македонија Најважни

ССМ излегува на генерален штрајк

ССМ од утре почнува со најавениот генерален штрајк откако пропаднаа сите обиди за договор со Владата и исполнување на нивните барања за усогласување на платите, враќање на регресот за годишен одмор од наредата година во висина од 30 до 100 отсто од просечната плата како и нов колетивен договор. Утрово во ССМ синдикалците се сретнаа со вицепмиерот Битичќи, министерот за финансии Бесими и за труд и социјала Тренчевска но разликите не беа надминати.

Не се договоривме, утре одиме на штрајк. Тоа е наше лгитимно право да го изразиме незадоволството. Ќе се штрајкува на работните места со прекин на работата во текот на работното време. Додека ССМ како предводници на овој штрајк, ќе изразиме друго незадоволство и ќе отидеме пред Собранието каде ќе наредиме 120 столчиња кои ќе ги преставуваат пратениците внатре во Собранието и ќе бараме да биде усвоен амандманот на ССМ, соопшти Дарко Димовски претседател на ССМ.

Од Владата  сметаат дека правото на штрајк е легитмно и додаваат дека нивен став е да се најде системско а не ад хок решение и методологија и со тоа да се избегне само навидум решевање на проблемот и повторување на истата ситуација наредната година и при секое покачување на минималната плата.

Ние остануваме на фактот дека треба да се примени усогласувањето на платите со минималната плата. Треба да се дефинира. Но, тоа треба да се следи со методологија за раст на плати за да не се враќаме на истата дискусија што ја имаме сега и наназад 30 години при секое движење на минималната плата. За К-15 кој е дел од преговорите веќе имаме конкретен предлог, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања

За ССМ новата методологија како адут на Владата е само купување на време.

Во моментов нова методологија значи купување на време и недоговарање на она што ние го бараме. Нека повелат да потпишеме една спогодба каде што ќе утврдиме од 1 јули за сите работници 2.806 денари а ние ќе се обврзиме во спогодбата дека заеднички ќе ја направиме таа методологија, објаснува Димовски.

Разочарување кај Синдикатот доаѓа откако вчера на Комисијата за финансирање и буџет вчера не помина амандманот на ССМ на ребалансот на Буџетот со кој требаше да се обезбедат средства за линеарно покачување на платите.

ССМ се обиде да издејствува договор преку процесот на медијација, кој го почнале пред десетина дена но на нивно изненадува, до вчера немало никаков контакт, а утрово според нивното кажување помирувачот пристигнал комплетно неподготвен.

Уште во генерален штрајк стапуваат војската, полицијата, вработените во образованието, здравството, комуналните претрпријатија, општините, Управите, државните претпријаија и администрацијата односно секаде каде што има синдикални организации. За да може граѓаните да ги остватар своите елементарни потреби од ССМ соопштија дека јавниот сектор ќе работи со капацитет од 10 отсто.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Одложено рочиштето за Мерко за набавката на службеното Ауди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе