Вести Македонија Најважни

Се тресе фотељата на Петков

„Оптимист сум„, кусо им одговори на новинарите бугарскиот премиер, пред да влезе на дебатата за гласање на доверба на неговата влада. Малку подоцна, во обраќањето, посебно им се обрати на пратениците од „Има таков народ„, чии гласови ќе пресудат за крајниот исход од гласањето.

Вие сте тие од кои зависат седум милиони Бугари во моментов. Ве повикувам да размислите повторно за вашата заклетва како народни избраници. Во неа го нема ниту господинот  Трифонов, ниту господинот Борисов, ниту Ахмет Доган, ниту госпоѓата Митрофанова… Нека таа заклетва ве води во вашето решение утре. Ви благодарам, рече Петков.

Засега владејачката партија нема доволно гласови за да добие доверба, но може да дојде до промени. Потребни им се 121 глас, а на нивна страна се 115 гласа на Продолжуваме со промената, БСП, Демократска Бугарија и шесте независни кои се одделија од ИТН.

ГЕРБ, пак, има 67 пратеници. Против владата се и ДПС, ИТН и Преродба или вкупно 125 гласа. Гласањето ќе биде утре, но доколку расправата продолжи до доцна, би можело да се одложи за во четврток.

Седницата е закажана на барање на ГЕРБ на Бојко Борисов, кои го обвнинуваат Петков за неуспех во економијата.

Додека трае дебатата, пред бугарското Собрание се протестира. Едни протестираат  за поддршка на владиниот кабинет, други  против него.Бугарските медиуми јавуваат дека, во следните три дена, се закажани дури единаесет протести.

Утрово и десетина приврзаници на бугарското ВМРО организираа собир пред домот на Петков, нарекувајќи го предавник и барајќи оставка и заштита на правата на Бугарите во Македонија.

По завршувањето на дебатата, се очекува поддржувачите на Петков да одржат митинг за поддршка.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Видовме полицајци, не ни помогнаа – сведочења на малолетници за „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Украина погоди 116 руски бродови за девет дена, соборија и руски хеликоптер Ми-28

Kristina Kuzmanovski

Пресудата за Груевски е резултат на измените на КЗ што ги донесоа СДСМ и ДУИ поради кои имаше многу политички амнестии, а многу и ќе следат, рече Мицкоски

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе